
Тотален анонимус го елиминира деветтиот тенисер на светот на турнирот во Бастад!
Тоталниот анонимус од Бразил го совлада Норвежанецот со 6-3, 6-3 во сетови и се пласира меѓу осумте најдобри на турнирот, за што му беа потребни нешто помалку од 90 минути.
Бразилецот во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Русинот Павел Котов (60. позиција на АТП) и Дује Ајдуковиќ од Хрватска (130. позиција).