Тоа се вистински спортисти: Ѓоковиќ и Надал тренираат заедно пред Париз (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе водат силна битка за првото место на АТП ранг-листата во финишот од сезоната, но тоа не ги спречува да тренираат заедно. 

Во пресрет на мастерсот во Париз моментално двајцата најдобри тенисери во светот одработија заеднички тренинг. Ова можеби е чудно за некој друг спорт, но во тенисот очигледно нема нетрпение помеѓу големите ривали. Џентлменството и вистинскиот спортски дух се во прв план.