Тим лесно и убедливо против Чилиќ на стартот на Ролан Гарос

Доминик Тим славеше со 6-4, 6-3 и 6-3 против Марин Чилиќ во првтото коло на Ролан Гарос. 

Финалистот од 2019 година во Париз и актуелен шампион од Ју-Ес Опен покажа дека е во одлична форма и на земјена подлога. Во следната рунда Австриецот ќе игра против Џек Сок, кој пак беше подобар од Рајли Опелка исто така во три сета. 

Условите за игра во Париз воопшто не се идеални, поради ладното време, но тоа не му смета на Тим.

„Временските услови мене ми се допаѓаат, сепак јас доаѓам од Австрија па знам како е да се игра на ладно време. Кога бев млад и кога почнував да играм на Фјучерс турнири, беше исто вака од 10 до 15 степени целзиусови и мене тоа ми се допаѓаше. Топчето не е толку брзо и можам да играм малку зад основната линија. Се чувствувам добро и возбуден сум за она што ми следува“, изјави Тим.