Тенискиот свет во шок: Мареј, не се откажувај, ти си шампион! (ФОТО)

Голем број тенисери му дадоа поддршка на Енди Мареј, откако Британеот најави дека Австралијан Опен би можел да му биде последен турнир во кариерата.

Поранешниот најдобар тенисер ја соопшти веста на прес-конференцијата за медиумите, која ја напушти во солзи, а тоа беше причина да пристигнат голем број пораки за охрабрување.

„Енди, само што ја гледав твојата конференција. Те молам, немој да се откажеш, продолжи да се бориш. Можам да ја замислам твојата тага и болка. Се надевам дека ќе го преживееш ова. Те сакаме...“, напиша Хуан Мартин дел Потро.

Бугаринот Григор Димитров кажа дека резултатите кои Мареј ги остварил ќе живеат засекогаш, додека Русинот Карен Хачанов порача дека 31-годишниот тенисер е вистински шампион и пример за сите.