Тенисерка има по четири прсти на двете раце и се наоѓа пред пласман на Австралијан опен!

Во квалификациите за Австралијан опен вистинска сензација е 20-годишната Франческа Џоунс, која во моментов се наоѓа на 241. позиција во светот и е на чекор до пласман во главната ждрепка на првиот гренслем-турнир во сезоната.

Таа во првите две квалификациски кола успеа да ги совлада Моника Николеску и Јана Фет, а сега треба да се соочи против Џин Лу, а дополнителна причина зошто стана главна сензација е тоа што девојката има по четири прсти на двете раце, а на нозете има вкупно седум прсти, но тоа не ја спречи да биде тенисерка.

„Ова е ретка болест и комплицирана затоа што постојат различни симптоми. Моите симптоми се тоа што имам три прсти на десната нога, четири на левата и по четири прсти на двете раце. Секако, луѓето гледаат во вас чудно... Некогаш добивате симпатии, а некогаш омраза“, вели Џоунс.