Тенисерка ги зголеми градите: Сега ми се огромни – ама нема да ми пречат во играта!

Француската тенисерка, Осеан Додан (28), стана првата тенисерка во историјата која ќе игра професионално по операција за зголемување на гради.

Таа откри дека за време на подолгата пауза поради повреда решила да ја реализира својата долгогодишна желба.

„Мораше да паузирам подолго поради повреда, па решив да го искористам времето за нешто што одамна го посакував – да ги зголемам градите. Воопшто не се срамам поради тоа“, изјави Додан.

Таа моментално се наоѓа на 363. место на ВТА-листата, а највисокиот ранкинг во кариерата ѝ бил 46. позиција. Додан нагласува дека операцијата не влијаела врз нејзината игра:

„Сите ми велеа дека нема да можам нормално да играм, но мојот хирург ме увери дека нема да има проблеми. Со соодветна поддршка, можам да се движам како и порано“, дополни таа.

Французинката се врати на терен по речиси една година пауза, а првиот настап по операцијата го имаше оваа недела на челенџер-турнирот во Ремс, каде што избори четвртфинале. На споредбата со Симона Халеп, која во младоста направи хируршка интервенција за намалување на гради заради подобра подвижност, Додан одговори низ насмевка:

„Таа навистина имаше големи гради. Моите не се толку“, објасни Французинката.

Тенисерката вели дека веднаш ја споделила веста со јавноста преку социјалните мрежи и дека не сакала да крие ништо од своите навивачи.