Тајните на Федерер: Често го пцуел татко му, а морал и да чисти тоалети поради казна!

Еден од најдобрите тенисери во историјата Роџер Федерер е познат како смирен и ладнокрвен играч, но на почетокот на неговата кариера воопшто не беше таков, туку често знаеше да биде темпераментен и избувлив.

Негови пријатели откриваат дека Федерер плачел после секој пораз, а на тренинг го пцуел татко му со кој не бил во најдобри односи.

„Роџер имаше проблеми да сфати дека и другите играат добро. На еден тренинг, Федерер го пцуеше татко му Роберт, кој му остави пет франци на клупата и му кажа да си дојде дома со автобус. Тие често се караа и Роберт му кажуваше на Роџер да биде смирен“, вели негов пријател.

Роберт му кажал на син му дека ќе му помогне финансиски, но мора да се врати во училиште ако до 20-годишна возраст не стигне до топ-100.

Федерер често бил казнуван, па еднаш морал да чисти тоалети, откако во Националниот тениски центар во Швајцарија скинал една завеса со рекетот кој го фрлил зашто се изнервирал.