Српска режимска телевизија го згрози регионот – го нарече Ѓоковиќ пропаднат тенисер (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ, кој е најуспешен спортист во историјата на Србија и еден од најголемите тенисери на сите времиња, повторно се најде на удар со навреди од медиумите кои го поддржуваат Александар Вучиќ и ги кои напаѓаат сите што не се согласуваат со неговиот режим.

Главниот уредник на провладиниот таблоид Информер, Драган Вучичевиќ, поттикнат од поддршката што популарниот Ноле ја даде на граѓанските протести и на мајката која со штрајк со глад бара правда за загинатиот син во Нови Сад, го оцени како - „пропаднат тенисер“. Претходно, Ѓоковиќ испрати порака со која ја осуди циничноста и навредите кон една мајка: „Болката на мајката не смее да биде предмет на исмејување. Постојат само човечност или нејзино отсуство“.

ва не е изолиран случај, туку продолжение на медиумската кампања против тенисерот, која трае со месеци. Нападите се засилија откако Ѓоковиќ јавно ги поддржа студентските протести во Белград. Во март, Информер го нарече „срамота“, обвинувајќи го дека поддржува „насилство“ и „шарена револуција“. На удар се најде и неговата сопруга Јелена, со тврдења дека ги поддржува „оние што сакаат да ја уништат Србија“. Во јули, по поразот во финалето на Вимблдон, Вучичевиќ саркастично го исмеа Ѓоковиќ со коментар поврзан со симболичниот гест „пумпање“ на мускулите, кој стана симбол на протестите – што дополнително ја разгневи јавноста.

Иако претседателот Александар Вучиќ јавно тврди дека го „почитува и сака“ Ѓоковиќ, серијата напади од медиуми кои се сметаат за блиски до власта се толкува како порака дека ни националните икони не се заштитени доколку јавно истапат спротивно од политичката линија на режимот. Додека поголемиот дел од националните медиуми молчат, социјалните мрежи реагираа бурно. Илјадници корисници го осудија нападот врз тенискиот ас, нарекувајќи го „срам за државата“ и „најниско дно на политичката пропаганда“.

ФОТО: EPA PHOTO