Спортска новинарка се дружеше со Ѓоковиќ и заболе од Ковид-19!

Тестот на Новак Ѓоковиќ на Ковид-19 беше позитивен, како и на неговата сопруга, но тие не се единствените заболени од вирусот, зашто хрватските медиуми објавија дека и спортската новинарка Мирна Зидариќ е болна од вирусот.

Новинарката се дружела со Ѓоковиќ на турнирот во Задар пред да објави Григор Димитров дека има позитивен тест на Ковид-19, по што таа и останатите се тестирале на вирусот.

Меѓу заразените се уште и Борна Чориќ, Виктор Троицки, како и кондиционите тренери на Ѓоковиќ и Димитров.