Спектакл во најава на ЛОИ: Ѓоковиќ против Надал уште во второто коло!

Освојувачите на 46 Гренд слем трофеи, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал би можеле да се сретнат во второто коло од турнирот на Олимписките игри во Париз, одлучи денешната ждрапка.

Натпреварите од овој турнир ќе се играат на терените на „Ролан Гарос“ на кој двајцата легендарни тенисери имаат вкупно 17 титули од кои Надал 14, а Ѓоковиќ три. Тоа ќе биде нивен веројатно последен меѓусебен дуел на овој турнир бидејќи не е исклучено двајцата да се пензионираат на крајот од оваа сезона.

Сепак, за да дојде до уште една епска пресметка во Париз, Ѓоковиќ во првото коло треба да го победи Метју Ебден од Австралија, а Надал да триумфира со Мартон Фучович од Унгарија. Поради откажувањето на Јаник Синер, Ѓоковиќ е прв носител на турнирот, а најтежок ривал во неговата четвртина од ждрепката е Стефанос Циципас со кого може да се сретне во четвртфиналето..

Вториот, Карлос Алкараз, кој е и актуелен освојувач на „Ролан Гарос“, ќе се сретне со Хабиб од Либан, додека Данил Мевдедев игра со Хинџикат од Австралија. Бранителот на олимпиското злато Александар Зверев во првото коло ќе се сретне со Мунар од Шпанија.