Синер без проблеми до финалето на УС Опен, за титулата против Фриц

Најдобриот светски рекет ќе се бори за својот прв трофеј на УС Опен откако во ноќешното финале беше подобар од Џек Дрејпер со 3-0 (7-5, 7-6, 6-2).

Италијанецот имаше проблеми со повреда на раката во вториот сет, но сепак собра сили и не дозволи мечот да влезе во неизвесна завршница. Дрејпер даде отпор во првите сета кои заедно траеја повеќе од два часа, но во третиот не можеше да му парира на одличниот ривал. Синер утре ќе има можност да дојде до вториот Гренд слем трофеј во кариерата и втор во 2024 година откако во јануари триумфираше на Австралија Опен.

Противник ќе му биде Тејлор Фриц кој во американската пресметка беше подобар од Тијафо со 3-2 (4-6, 7-5, 4-6, 6-4, 6-1). Тијафо водеше со 2-1, но Фриц направи пресврт и првпат во кариерата ќе игра Гренд слем финале.