Сензација: Првпат за играа како пар, влегоа со вајлд-карта и го освоија Австралија опен во двојки!

Австралијците Ринки Хиџиката и Џејсон Кублер се сензационални победници во двојки на првиот годинешен гренслем турнир Австралија опен во Мелбурн, откако во два сета со 6-4, 7-6 на „Род Лејвер Арената“ го победија тандемот Хуго Ниса-Јан Зиелински.

Хиџиката и Кублер на Австралија опен влегоа со специјални покани од организаторот и првпат заедно заиграа како тандем, зашто досега не играле во двојки заедно, но тоа не ги спречи за да дојдат до неверојатен успех и да се запишат во историјата на тенисот, во „опен-ерата“, како петта двојка која влегла со вајлд-карта на турнирот и победила.

Новите шампиони на Австралија опен ги наследија сонародниците Ник Кирјос-Танасе Кокинакис, кои лани го освоија првиот гренслем во годината на домашно тло во двојки