Се најде и Србин што го исплука Ѓоковиќ и тоа само затоа што рекол Хрватска е убава!?

Дојдка Новак Ѓоковиќ е буквално под рафална стрелба за невнимателниот и наивен потег на УС-опен по кој беше дисквалификуван зашто со топче ја удри линиската судијка, српскиот тенисер дочека да го исплукаат и во својата Србија и тоа од воениот злосторник Драган Васиљковиќ попознат како капетан Драган.

Васиљковиќ (65) од лани се врати во Србија откако отслужи затворска казна за воени злосторства како предводник на книнските Срби против хрватското население во 90-те години кога крваво се распаѓаше Југославија, а српското население после прогласената независност на Хрватска се кренаа на бунт и ја формираа автономната Книнска краина.

Капетан Драган во едно интервју жестоко распали по Хрватска, па во своето излаѓање не пропушти шанса да го нападне Ѓоковиќ поради тоа што најдобриот српски тенисер рекол дека Хрватска е убава, а и дека навивач за 'коцкестите' на СП во Русија пред две години кога тие стигнаа до историски успех со пласманот во финалето.

„Таа нацистичка власт и понатаму ги мачи Србите по затвори со методи како во Гвантанамо, ама потоа ќе се појави некој си Ѓоковиќ кој ќе каже дека Хрватска била убава“, рекол Васиљковиќ, кој претходно беше голем навивач на Новак, па дури и му праќаше писма додека беше во затвор.

Ѓоковиќ не пропушта шанса да дојде во Хрватска, Задар го посети за време на „Адрија Тур“, кој потоа се прекина поради зараза од коронавирус, а без оглед на војната во 90-те, затегнатите односи на Србија и Хрватска, најдобриот српски тенисер никогаш не ни кажал ништо лошо против Хрватска и Хрватите, особено што многу негови пријатели се Хрвати од тренерот Горан Иванишевиќ, преку Марин Чилиќ и Борна Чориќ, како и фудбалските ѕвезди Лука Модриќ, Иван Ракитиќ...

„Знам дека раните од војната се свежи, ги разбирам тие што немаат ист став како мене кон соседите, некои медиуми ме осудија зошто сум ја поддржал хрватската фудбалска репрезентација, но тоа не ми смета. Јас сето тоа свесно го правам и мислам дека со својот статус, влијание и име можеби ќе придонесам за заемна поддршка. А, патем, кого би подржал ако не Хрватска? Јас чувствувам дека Хрватите се мои, а знам дека на некои ќе им смета и го почитувам тоа, но се надевам дека другите ќе го почитуваат мојот избор. Олигледно на некои не им одговара мир, почитување, разбирање, туку само кофликт“, рече Ѓоковиќ не така одамна.

Инаку мајката на Ѓоковиќ, Дијана има хрватско потекло, а во светот на тенисот го воведе еден од најголемите тенисли легенди Никола Пилиќ...