Сабаленка го освои УС-опен, па се расплака: Си го остварив сонот!

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го освои УС-опен, откако во финалето славеше против Американката Џесика Пегула со 7-5 и 7-5.

Сабаленка го освои третиот гренслем-трофеј во кариерата, откако претходно двапати триумфираше во Мелбурн, во 2023 и 2024 година

„Ова беше неверојатен месец за мене. Имав тежок почеток, но многу работи се променија. Конечно го освоив трофејот и си го остварив сонот. Имав неколку тешки недели“, кажа Сабаленка.

Белорусинката и минатата година играше во финале во Њујорк, но загуби од Коко Гоф.