Руски тенисер испрати политичка порака и предизвика скандал (ВИДЕО)

Рускиот тенисер Карен Хачанов по триумфот во четвртфиналето на Австралијан опен на камерата напиша порака која предизвика бура во јавноста.

Искусниот тенисер се пласираше во полуфинале во Мелбурн, откако го совлада Американецот Себастијан Корда, а потоа испиша порака со поддршка за регионот Нагорно-Карабах околу кој со години има тензии меѓу Азербејџан и Ерменија.

Неговиот гест предизвика бурни реакции, а тенискиот сојуз на Азербејџан побара жестока казна за овој потег.