Ролан Гарос ќе се одржи годинава и тоа со - публика!?

Претседателот на тениската федерација на Франција, Бернар Жудичели тврди дека вториот гренслем-турнир во годината, Ролан Гарос ќе се одржи, иако беше одложен поради пандемијата на коронавирусот.

Жудичели кажа дека е избегнато најлошото сценарио, а тоа е откажување на турнирот.

„Разговараме со АТП, ВТА и ИТФ. Работиме на календарот за завршница на сезоната. Уште е рано да кажуваме конкретни датуми. Го избегнавме најлошото сценарио, не го откажавме турнирот. Мораше само да го одложиме за неколку месеци. Најважно е тоа што ќе се одржи и ќе бидеме тука за љубителите на тенисот“, кажа првиот човек на тениската федерација.

Исто така, според неговите зборови може да се очекува публика на турнирот во Франција.