Разочарување: Ѓоковиќ и Алкараз нема да се сретнат во финалето на „Ролан Гарос“!
Причина за ваквата лоша вест за сите тениски вљубеници е фактот што Србинот во последен момент падна на третата позиција на АТП-листата, а со тоа ја доби улогата на трет носител во Париз, додека зад најдобриот Алкараз се најде Данил Медведев, кој иамо е втор светски рект не се снаоѓа баш добро на земјена подлога. Шпанецот во првата рунда ќе се сретне со квалификант, додека Ѓоковиќ ќе ја започне трката по рекордна 23. гренслем-титула со дуел со американскиот тенисер Александар Ковачевиќ.
Во истата четвртина со Алкарас е Стефанос Циципас, додека кај Ѓоковиќ е Андреј Рубљов, а најдобриот во ова друштво ќе обезбеди место во финалето. Во другиот дел, Медведев е во четвртината со Синер, Зверев и Димитров, а во последната четвртина од ждребот се Руне, Фриц и Руд, како највисоко поставени носители. Од овие две четвртини ќе дојде и вториот финалист. „Ролан Гарос“ почнува в недела, а од претходно се знаеше дека на него нема да учествува повредениот Рафаел Надал.