Публиката во шок: Тенисерка плачеше додека играше и на крајот – загуби (ВИДЕО)

Бразилската тенисерка, Беатрис Хадад Маја, се пласираше во полуфиналето на ВТА турнирот во Абу Даби, откако ја совлада Онс Жабур од Тунис (6-3, 6-4), во меч кој најмалку ќе се памти по крајниот исход.

Актуелната светска тенисерка број беше благ фаворит против Бразилката, но ништо не ѝ одеше на теренот. Беше толку депресивна што брзаше кон пораз што во еден момент се расплака на средината на теренот. Публиката ѝ даде поддршка со овации од трибините, а истото го стори и нејзиниот тренер Исам Џелали, така делуваше загрижено.

Жабур има освоено пет ВТА трофеи во кариерата и играше во три гренслем-финалиња, но ги загуби сите - на Вимблдон во 2022 и 2023 година и на УС Опен во 2022 година. По поразот лани во финалето во Лондон од чешката тенисерка Маркета Вондроусова, таа не постигна забележителен успех на големите турнири.