Поранешна освојувачка на Вимблдон го откажа настапот во Париз

Тенисерката од Казахстан и поранешна освојувачка на Вимблдон, Елена Рибакина реши да се повлече од тенискиот турнир на Олимписките игри во Париз.

Рибакина мораше да се откаже од турнирот поради повреда, а нејзиното место ќе го преземе Каролин Гарсија од Франција.