Подвиг на Ѓорческа во Визбаден – лесно ја среди четвртата носителка!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се пласира меѓу осумте најдобри на турнирот во Визбаден, откако денеска изненадувачки беше подобра од четвртата носителка, Марина Мелинкова (Русија) со 2-0 во сетови (6-3, 7-5).

За разлика од претходното коло, во кое играше дури четири часа, овој пат Македонката далеку полесно го скрши отпорот на подобро рангираната противничка.

Ѓорческа за влез во полуфиналето ќе се бори со Федерика Ди Сара од Италија, која е осми носител на овој турнир.