Петмина тенисери суспендирани за местење натпревари

Меѓународната тениска единца за интегритет (ИТИА) суспендираше петмина тенисери поради местење натпревари.

Казните се однесуваат за случаи од 2023 година и група од Белгија која се занимавала со местење натпревари. Во истиот случај претходно беше суспендиран Бугаринот Стефан Миланов и Французинот Лени Митијан.

„Осомничените ја признаа вината и ја прифатија соопштената казна. Сите се откажаа од правото да бидат сослушани пред независно лице од Антикорупцискиот програм“, стои во соопштението на ИТИА.

Еквадорскиот тенисер Иван Ендера, Мексиканците Маурисио Ресендиз и Раул Исаус Росас-Зарур се суспендирани на пет години и парично казнети со по 15.000 долари.

Уште еден Мексиканец, Иван Арамбур Контррерас е суспедниран до март 2026 година и парично казнет со 30.800 долари, неговиот брат Аитор доби суспензија до декември 2025 година и ќе треба да плати 25.200 долари.