Незгодниот Рубљов во три сета го реши Надал за полуфинале во Монте Карло

Рускиот тенисер Андреј Рубљов непријатно го изненади Рафаел Надал во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло, откако славеше со 6-2, 4-6 и 6-2.

Шпанецот имаше кошмарен почеток на мечот и го загуби првиот гем на свој сервис (0-1), по што за момент се врати во игра во четвртиот гем (2-2), но Русинот направи уште два брејка на противнички сервис за конечни 6-2 во првиот сет.

Надал го загуби првиот гем на свој сервис и во вториот сет, но потоа следеше голема борба, при што не беа искористени многу брејк топки од двата тенисери во петтиот и шестиот гем, но потоа Шпанецот освои два брејка и го доби сетот со 6-4.

Рубљов доминираше во последниот сет, а Надал едноставно не можеше да фати ритам и го загуби третиот сет со 2-6, а со тоа беше елиминиран од Мастерсот во Монте Карло.