Необична сцена: Руд се испокара со судијата поради - пауза за тоалет!

Несекојдневна сцена беше забележана на мечот од осминафиналето на Монтреал меѓу Каспер Руд и Роберто Баутиста Агут, откако Норвежанецот побара пауза за да оди во тоалет, но не замина таму поради што доби предупредување од судијата.

Седмиот тенисер во светот го напушти теренот во Монтреал, па потроши околу 10 минути и притоа се пресоблече и се одмори, но судијата му кажа дека не ја испочитувал паузата за тоалет.

Руд: Треба да лажам дека сум во тоалет?

Судијата: Да, мора да одите во тоалет, зашто велите дека ќе одите.

Руд: Не реков дека ќе одам во тоалет. Кажав дека ќе се пресоблечам.

Судијата: Да, и тоа е под „правилото пауза за тоалет“.

Руд: Значи, следниот пат да лажам дека одам навистина во тоалет?

Судијата: Може да правите што сакате, може да се пресоблечете ако сакате, но мора да одите и во тоалет. Ова ви го објаснувам, зашто според правилата ќе добиете предупредување.

Руд: И за тоа ќе добијам казна, околу 3.000 долари, зарем не?

Судијата: Не знам.