Најголемиот антиталент во тенисот: Не знаеше ниту рекетот да го држи, а не па да сервира! (ВИДЕО)

Еден од многуте турнири во Фјучерс серија со парична награда од 15.000 долари се одржува во Доха, Катар.

Фјучерс турнирите се на ниво на ИТФ, а претежно се наменети за помладите тенисери кои сакаат да стекнат искуство и да почнат да ја градат својата кариера се со цел да дојдат до забележителен напредок на АТП листата.

Но, Фјучерсите, често пати знаат да донесат и по некој аматер. Во квалификациското коло во Доха, Критин Којакул (24) го совлада украинскиот тенисер Артем Бахмет со 6-0, 6-0. Којакул ги доби сите поени, а воедно Артем беше прогласен за најлошиот играч во историјата на тенисот. 

Не е познато како го зел учество на турнирот со оглед на тоа дека едноставно не знаеше ни да го држи рекетот, а не па да освои поен.