Надал со преслуша Србинот, нова лудорија на Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Првиот рекет во светот, Србинот Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал одиграа егзибициски натпревар во Казахстан, меч кој му припадна на Шпанецот славејќи со 6-3, 3-6, 11-9.

Љубителите на „белиот спорт“ уживаа во спектакл во Нур-Султан, во одличен меч на двајцата тенисери кои се борат за врвот на АТП-листата. Првиот сет Надал го доби поради еден брејк, додека во вториот, Ѓоковиќ возврати во иста мера. Тај-брејкот, пак, беше супер интересен, а прв до предност од два поени успеа да дојде Надал. 

По натпреварот, на сцена стапи Ѓоковиќ, кој упте еднаш ја насмеа публиката со својот „денсерски“ перформанс.

Овој меч беше одигран поради хуманитарни цели, а двајцата тенисери после мечеот се дружеа со 200 млади играчи во „белиот“ спорт, потоа се сретнаа со државниот врв и беа на прием кај претседателот Касим-Џомарт Токајев.