Надал се пласираше на завршниот АТП-турнир

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше на завршниот АТП-турнир, рекордна 15. година по ред, по пласманот во полуфиналето на Вимблдон.

Надал е првиот тенисер, кој се пласираше на турнирот, кој ќе се одржи од 10 до 17 ноември во Лондон.

Шпанецот во полуфиналето на Вимблдон ќе се пресмета со Роџер Федерер, а во тој дуел влегува по низа од 17 победи.

Пласман на завршниот турнир неделава може да обезбеди и Новак Ѓоковиќ, ако ја одбрани титулата на Вимблдон.