Надал нема да игра на олимпискиот тениски турнир во Токио?

Шпанската тениска ѕвезда Рафаел Надал, еден од најдобрите тенисери на денешницата и на сите времиња, сериозно размислува да го рпескокне олимпискиот тениски турнир во Токио за време на Летните Олимписки игри (ЛОИ).

Надал сѐ уште нема донесено конечна одлука дали ќе игра во Токио или ќе ги прескокне овие ЛОИ, а причина за сето тоа е актуелната пандемија со коронавирус, а Јапонија има сериозни проблеми со зголемувањето на бројот на заразени, по што најголем дел од јавноста воопшто не ни сакаат да се одржи најголемиот спортски настан.

„Не сум сигурен и сѐ уште не знам, зашто размислувам дали да играм или не. Во некои нормално услови мислам дека воопшто ова прашање не би било ни поставено, не би ни размислувал дали да го прескокнам олимпискиот турнир, но во ваква ситуација – не сум баш сигурен. Морам да го организирам календарот, а во нормална година сѐ би знаем од 1 јануари, за разлика од сегашната ситуација кога мора да сум флексибилен. Пандемијата ни ги поремети плановите, ние тенисерите имаме необични животи, а сега во ова време на криза сите тие патувања, неизвесности... Многу сме свесни за сите ризици, за сите проблеми со коронавирусот“, вели Надал.

ЛОИ во Токио се на програмата од 23 јули до 8 август.