Надал ќе игра во Барселона, познат е неговиот прв противник!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се враќа на тениските терени по долга пауза, па така се очекува негов настап на турнирот во Барселона.

На ждрепката за турнирот беше одредено дека Надал во првиот меч ќе се соочи против 21-годишниот Италијанец Флавио Коболи.

Надал со победа против Коболи би обезбедил место во второто коло каде што го чека пресметка против Алекс Де Минор.