Надал го прегази Баутиста на стартот во Монте Карло

Рафаел Надал се пласираше во третото коло од Мастерсот во Монте Карло, откако го совлада Роберт Баутиста-Агут со 2-0 во сетови, односно 6-1 и 6-1 за само 77 минути игра.

Надал уште на самиот старт покажа дека нема да има тешка задача за да се пласира во третото коло, па му дозволи на својот противник да освои само еден гем (6-1).

Во вториот сет Баутиста покажа поголема борбеност, но ниту тоа не му помогна против феноменалниот Надал, кој го освои и вториот сет со 6-1.

Во наредното коло Надал ќе игра против Григор Димитров.