Надал е во негатива, но веќе го има поенот на финалето на турнирот во Мелбурн (ВИДЕО

Рафаел Надал и Данил Медведев во моментов го играат финалниот дуел на Австралија опен, во кој рускиот тенисер далеку полесно од очекувањата дојде до првиот сет (6-2), кој, сепак, ќе се памети и по фантастичната реакција, а со тоа и поен на Шпанецот.

Ветеранот беше во безизлезна ситуација, по едно излегување на мрежата на противникот, но и тоа што требаше да биде лесен поен за Русинот успеа со молневит рефлекс да го врати и да го изненади ривалот.

Двајцата ривали имаа посебен мотив денеска, а засега најсигурно е дека како и да заврши мечот во улога на губитник ќе биде Новак Ѓоковиќ. Причина за тоа е фактот што ако победи Медведев, ќе му го презеде првото место на АТП-листата, а ако триумфира Надал, тогаш тој ќе се издвои на врвот на вечната листа со најмногу гренслем-победи – вкупно 21.