На 1 април, Ѓоковиќ може да собори уште еден рекорд на Федерер

Нешто помалку од два месеца не делат од уште еден историски момент во тенисот и кариерата на Новак Ѓоковиќ.

Тениските статистичари пресметале дека на тој ден српскиот ас ќе собори уште еден несекојдневен рекорд на Роџер Федерер кој веројатно уште децении потоа нема да биде симнат. Швајцарецот во моментов е највозрасниот тенисер кој бил прв на АТП листата со 36 години и 320 дена, а на 1 април Ѓоковиќ ќе има 36 години и 321 ден и со тоа ќе го собори неговиот рекорд.

Реално е да се очекува тоа да се случи бидејќи до 1 април Ѓоковиќ брани само 180 бода, додека Карлос Алкараз треба да одбрани 1.910, Синер 1.510, а Медведев 2.850. Во моментов, предноста на Србинот пред Алкараз изнесува 600 бода.