Медведев го реши Гофан и го освои првиот трофеј на Синсинати во кариерата

Данил Медведев е победник на Мастерсот во Синсинати, откако со 2-0 (7-6 и 6-4) славеше против Давид Гофан по еден час и 39 минути игра.

Првиот сет беше решен по тај-брејк, откако двајцата тенисери направија по еден брејк. Русинот тоа го направи во четвртиот, а Белгиецот во седмиот гем, додека во тај-брејкот Медведев беше подобар со 7-3.

Во вториот сет рускиот тенисер веднаш направи брејк, па до крајот на мечот беше сигурен на свој сервис и така стигна до првиот трофеј во Синсинати.

Медведев така го постигна и најголемиот успех во кариерата, а претходно ги освојуваше турнирите во Токио, Софија, Винстон Салем и Сиднеј.