Марадона со видео-порака го испофали Федерер, па и го – расплака (ВИДЕО)

Аргентинскиот фудбалски бог Диего Марадона со видео порака му се обрати на најтрофејниот светски тенисер Роџер Федерер после ревијалниот дуел на Швајцарецот со Александар Зверев во Буенос Аирес и на крајот ја доведе тениската ѕвезда до солзи.

Федерер и Зверев ја забавуваа публиката во аргентинската престолнина, но најемотивен момент сепак беше обраќањето на „Ел Пибе“ кон Швајцарецот.

„Здраво господине, машино како што те нарекувам. Беше и секогаш ќе останеш најголем. Нема никој како што си ти. Сакам да знаеш дека ако имаш каков било проблем додека си во мојата земја, може да ми се јавиш и да кажеш што ти треба“, му рече Марадона меѓу другото.