Македонските тенисери обезбедија опстанок во третата група од Дејвис Купот

Македонија славеше против Лихтенштајн со 2-0, а денешната победа на нашите тенисери им донесе опстанок во третата група од Дејвис Купот.

Берк Бугариќ ѝ ја донесе првата победа на македонската репрезентација, откако славеше со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-0 против Ерик Пепард.

Во вториот дуел Обрад Марковски беше подобар од Андреј Спасоевиќ со 2-0 во сетови, односно 6-0 и 6-2, па така ја донесе втората победа за опстанок на Македонија во третата група.