Томи Хас стави крај на кариерата!

Тенисерот кој започна да игра професионално тенис во 1996 година, а исто така успеа да се пласира три пати во полуфиналето на Австралија Опен, како и еднаш помеѓу најдобрите четири на Вимблдон, конечно одлучи да стави крај на тениската кариера.

Поранешниот втор најдобар тенисер во светот, Томи Хас официјално кажа дека се повлекува од тенисот, откако неговиот близок пријател Роџер Федерер успеа да се пласира во полуфинале.

„Се сметам себеси за многу среќна личност зашто бев во можност да играм професионален тенис повеќе од две децении. Спортот ме запозна со многу пријатели и ми даде можност да патувам низ светот. Исто така ме научи многу за тоа што значи да се соочиш со предизвиците и да се избориш со нив. До моите родители, фамилијата, жената и децата, ви благодарам за цела љубов и поддршка во текот на годините. И исто така до фановите, ви благодарам што ме следевмте во текот на мојата кариера“, кажа Хас.