Крај на најубавата бајка на Вимблдон: 16-годишната Андреева загуби од Киз
Неверојатната Мира лошо го отвори мечот затоа што го загуби првиот сервис, меѓутоа експресно се врати во игра и при резултат 3-3 направи брејк со кој лесно го освои сетот (6-3).
Во вториот сет Русинката имаше водство од 3-0, но искусната Американка се спаси и се врати во дуелот, по што го доби сетот во тај-брејк, додека во третиот сет Киз играше одлично и ја надигра противничката со 6-2.