Кирјос со атрактивна игра го елиминираше Сонего од Синсинати (ВИДЕО)

Контроверзниот тенисер Ник Кирјос имаше одличен настап на стартот на Синсинати, откако во првото коло го елиминираше Лоренцо Сонего со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 6-4.

Кирјос играше одлично во текот на средбата, а со неколку мајстории ја воодушеви публиката во Синсинати.

Австралискиот тенисер во следното коло ќе се соочи против Русинот Карен Качанов.