Кирјос повторно провоцира: Девојката на Синер е „втор сервис“

Австралискиот тенисер со грчко потекло Ник Кирјос продолжува со провокациите кон Италијанецот Јаник Синер пред финалето на УС-опен.

Кирјос со една од најновите објави ги премина границите и ја навреди девојката на Синер, Ана Калинскаја со која и самиот беше во врска пред неколку години.

Контроверзниот тенисер коментираше на една фотографија која ја објави корисник на „Икс“ и порача дека Калинскаја е „втор сервис“.

Иако сите имаат различно толкување за неговиот коментар, сепак е јасно дека е навредлив поради тоа што со денови води војна со Синер.