Калин Ивановски елиминиран на стартот од турнирот во Кливленд
Во првото коло, тој е елиминиран од петтиот носител Брендон Холт од САД со 0-2 (1-6, 1-6) за точно еден час игра. Во двата сета Холт доминираше, првиот го отвори со 4-0, а вториот со 5-0 и без никакви проблеми обезбеди пласман во следната фаза.
Поради долгата пауза, Ивановски се наоѓа на 1.317 место на АТП листата и ќе му треба многу време да ја поврати старата форма.