Каква магија: Ѓоковиќ се обиде да врати топче на несекојдневен начин (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ го декласираше Татсум Ита во второто коло на Австралијан опен со 3-0 во сетови и така си закажа дуел со уште еден Јапонец во следната фаза, а мечот ќе биде запаметен и по неверојатниот обид на српскиот тенисер да врати едно топче.

Ѓоковиќ во вториот сет го фрли рекетот кон топчето, а фоторепортерите го сликаа моментот кога топчето е на него, додека Србинот беше на неколку чекори настрана.