„Ју-Ес Опен треба да се одржи без Надал и Ѓоковиќ“

Американскиот тенисер Сем Квери смета дека Ју-Ес Опен треба да се одржи дури и ако некој од најдобрите тенисери во светот се откажат од настап.

Квери смета дека не се потребни најдобрите тенисери за да се одржи гренслем-турнирот.Ј

„Дури и да не се појават шоуто мора да продолжи. Ако нема осум Американци на Ролан Гарос, тој секако ќе се одржи. Ако не дојдат Ѓоковиќи Надал, тоа ќе отвори шанса некој друг да ја освои најголемата титула“, вели Квери.

Турнирот е закажан и треба да почне на 31 август.