Ивановски загуби на стартот на турнирот во Трнава

Најдобриот македонски Тенисер Калин Ивановски беше поразен од Павел Неједли со 1-2 во сетови (7-5, 4-6 и 3-6) на турнирот во Трнава, Словачка.

Ивановски водеше голема битка против Неједли и го доби првиот сет со 7-5, но сепак Чехот во следните два успеа да направи пресврт и по два часа и 44 минути го доби дуелот.

Македонскиот тенисер минатата недела се закити со третата титула во кариерата, откако триумфираше во Мадрид.