Ивановски го совлада Родеш за прва победа на Македонија во Дејвис Купот

Македонската тениска репрезентација ја запиша првата победа против Луксембург во групата 3 од Дејвис Купот, откако талентираниот тенисер Калин Ивановски славеше со 2-1 во сетови, односно 7-6, 6-7 и 6-4 против Крис Родеш.

Првиот сет тргна лошо за Ивановски, кој ги загуби првите два гема на свој сервис (0-3), но потоа се врати во игра и во тај-брејкот го декласираше ривалот со 7-2.

Ивановски прв направи брејк во вториот сет за водство од 2-1, но веднаш Родеш израмни на 2-2 во следниот гем, додека во тај-брејкот по голема битка стигна до 7-5.

Третиот сет повторно донесе возбудлива игра, но и проблеми за Ивановски, кој го загуби петтиот гем (2-3), а ривалот потоа сервираше за 4-2 и дојде на чекор до победата, но сепак младиот македонски тенисер со два брејка во продолжение направи пресврт (6-4).