Иванишевиќ има нова работа - ќе тренира тенисерка

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ има нова работа, прва откако се раздели со српскиот тенисер.

Славниот Хрват во иднина ќе работи со казахстанската тенисерка Елена Рибакина. Нивната соработка ќе почне по завршувањето на оваа сезона, а Иванишевиќ ќе се обиде да ја крене нејзината форма пред идната натпреварувачка кампања.

Претходно, тренер на Рибакина беше уште еден Хрват, Стефано Вуков, но тој беше обвинет дека ја малтретирал поранешната шампионка на Вимблдон.