Италијански тенисер потпиша еден од најголемите договори и ќе добие 150 милиони евра

Светот на тенисот полека се збогува со Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ кои со години доминираа на врвот на АТП-листата, па се очекува да ја препуштат битката за тронот на помладите тенисери, како Данил Медведев, Александер Зверев и Карлос Алкараз, но и на Јаник Синер.

На 20-годишниот Синер му се предвидува светла иднина. Тој во моментов е на 12. позиција и е на праг да влезе во топ-10, па сигурно може да се приклучи во битката за врвот на АТП-листата.

Поради тоа не зачудува тоа што произведувачот на спортска опрема „Најк“ реши да потпише договор со Синер на 10 години и притоа Италијанецот ќе заработи неверројатни 150 милиони евра.

Синер има уште неколку спонзорски договори со звучни компании како „Ролекс“, „Гучи“, „Алфа Ромео“ и други, па така ја надмина границата од 20 милиони евра годишни приходи од спонзорски договори.

Најбогат договор во историјата на тенисот беше тој на Федерер со „Уникло“, кој го потпиша на 10 години и заработи 300 милиони долари.