Хрватска по пауза од 25 години пак има полуфиналистка на Вимблдон!
За неа ова е најголем успех во кариерата и тоа како втора Хрватка што стигнала меѓу четирите најдобри на неофицијалното светско првенство и тоа по пауза од 25 години. Пред неа тоа го направи само Мирјана Лучиќ и тоа на турнирот во 1999 година. Тенисерката од Осиек досега заработи 846 илјади евра со пласманот во полуфиналето, каде ќе ја чека победничката од мечот помеѓу Јасмин Паолини и Ема Наваро.
Лучиќ (42) тогаш одигра одличен турнир како 17-годишна сензација и стигна до полуфиналето, каде фантастично ѝ парираше на легендарната Штефи Граф. Таа го доби првиот сет во тај-брејк, но една од најголемите тенисерки во историјата, сепак, ги доби следните два сета со 6-4 и 6-3. На патот до претпоследното скалило на Вимблдон таа елиминира неколку истакнати имиња меѓу кои и неверојатната Моника Селеш.