
Халеп ја преживеа суспензијата, но сега се соочува со нов проблем!
Халеп се врати оваа година и одигра два меча, при што не се прослави и ги загуби двата натпревари, но сега открива дека се соочува со голем проблем.
„Сакам да ве известам што се случува во изминатиот период. Веќе неколку месеци се мачам со коленото. Постојано чувствувам болка и тешко е да се соочам со оваа повреда. Зад мене се тешки две години, а фактот дека имам физички проблеми не ми помага. Решив да земам пауза за да се рехабилитирам“, објави Халеп.