Грузиски тенисер реди скандали: Ја тепаше сопругата, а сега должи 1,5 милиони евра

Грузискиот тенисер Николоз Басилашвили се наоѓа под истрага поради обвинувањата на една бизнисменка дека должи сума од 1,5 милиони долари.

Медиумите пишуваат дека тенисерот ѝ останал должен на бизнисменката Иракли Качарава, која го финансирала на почетокот на кариерата.

Качарава го обвини Басилашвили дека го финансирала во минатото во замена за 30 проценти од заработката на тенисерот, кога ќе стигне до топ-50 на АТП-листата.

Документот е објавен во грузиските медиуми, а обвинението е поднесено на 27 април во градскиот Суд во Тбилиси.