„Го напаѓаат Ѓоковиќ поради 30.000 евра, а Надал и Федерер гласаа против помош за тенисерите“

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ неодамна почна акција за помош на послабо рангираните тенисери на АТП-листата.

Ѓоковиќ како претседател на Здружението на тенисерите предложи создавање на фонд за помош, за да се соберат пари како помош на останатите тенисери.

Предлогот беше тенисерите од топ-100 да им помогнат на своите колеги со тоа што ќе донираат по 30.000 долари, а таа сума налути еден новинар, кој го критикуваше Ѓоковиќ дека заработил 100 милиони долари, а сака да даде само 30.000.

Меѓутоа, Васек Поспишил застана во одбрана на српскиот тенисер.

„Во еден момент имавме 80 од топ-100 тенисери кои потпишаа и еден од нив беше Ѓоковиќ. Кога заминавме кај Надал и Федерер, тие ја променија одлуката. Сакаа да зборуваат со управата на гренслем-турнирите, што е против нашите идеи. Искрено, тоа е срамно“, кажа Поспшил