Ѓорческа ја скрши Ружиќ во борбата за титула во Куршумлиска Бања
Ѓорческа тргна фуриозно во мечот и набрзо направи брејк кој ѝ овозможи лесно да го добие сетот со 6-3, а идентично беше и во вториот сет каде што Ружиќ не најде решение за расположената Македонка која се закити со нова титула во кариерата.
Македонската тенисерка ја очекува скок на најновата ранг-листа на ВТА во топ-200, односно околу 186. место, но тоа официјално ќе биде потврдено в понеделник.